strumica denes logo

СЕ ОГЛАСИ И ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ: ОДИМЕ НА ИЗБОРИ, НА 15 ЈУЛИ ЌЕ ГО ПОБЕДИМЕ ИЗВОРОТ НА КРИЗАТА – ЗОРАН ЗАЕВ И СДСМ!

Автор:

Датум:

јуни 15, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

јуни 15, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ.

Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.

Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.

Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.

Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!