strumica denes logo

(НОВО) Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба!

Автор:

Датум:

јуни 12, 2020

Категории:

Политика

Автор:

Датум:

јуни 12, 2020

Категории:

Политика

Во јавноста се наметна дилемата дали е можно воведување на вонредна состојба само на барање на Владата или и претседателот може сам, без предлог од Влада да прогласи вонредна состојба.

Пендаровски истакна дека во тој дел Уставот е јасен и вели дека претседателот може и без барање од Влада да прогласи вонрендна состојба.

– Тоа никогаш не го наравив затоа што бев и сеуште сум убеден дека ниту еден политички контекст, ни една институција не смее да ги изолира останатите институции при носење сериозни одлуки.

Имајќи ги во предвид причините заради кои ги проглсував сите претходни вонредни состојби, сметам дека во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба.

Според информации од Владата обезбедени се доволни количини на медицинска и здрвствена опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија за кои постои покритие во Буџетот.

Во прилог на тоа горови и тоа што Владата овојпат не достави формално барање за воведување нова вонредна, рече Пендаровски.

Тој потенцира дека споредбите кои се прават меѓу претходните вонредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и актуелните бројки на заразени и починати се без основа, бидејќи ниту една вонредна не беше воведена од тие причини.

За мерките од типот за полициски час, карантин, воведување кризна состојба на дел или цела држава постои законска регулатива и нема потреба да се воведува вонредна за да се применуваат тие мерки.

Во однос на пласираните информации во јавноста дека вонредната состојба има врска со датумот на изборите, Пендаровски ги оцени како неосновани и истакна дека избори може да има и во вонредна состојба.