“Туна бенд” се нов музички состав кој што се состои од добро одбрани музичари, на чело со виртуозот на дувачки инструменти Тунџај Шавлев.
Тие на македонската естрада влегуваат со големи и сигурни чекори, односно со одлично музичко шоу кое што во неделата вечерта беше премиерно претставено на сателитската ИН Телевизија.
На шоуто кое беше насловено како “Туна бенд и Никола Станишиќ” имаа и специјални гости, едни од најдобрите вокали во земјава, Анета Мицевска и Ѓоко Јовиќ кои што на задоволство на сите нив и секако на гледачите, отпеаја по неколку песни и ја збогатија оваа вечер и овој прв заеднички проект на “Туна Бенд”.
Нивниот репертоар беше исполнет со песни за сечиј вкус, а како шлаг на сето тоа беше крајната изведба на “Зурла Чочек”, кој важи за лична карта на Туна.
Инаку, иницијатор за создавање на бендот е токму Тунџај кој што открива дека идејата настанала сосема спонтано, бидејќи пред се, сите членови се и добри другари.
Пред извесен период тие објавија карантинско видео со одлична изведба на песната “Во Струмица на улица”, па откако беа преплавени со бројни позитивни коментари, понатаму решија да продолжат како заеднички бенд.
Тие за естрадниот магазин Естрада плус откриваат дека деновиве ќе го претстават нивниот прв видео запис и прво заедничко дело. За следниот период ќе следуваат и низа новитети од ТУНА БЕНД.
Во продолжение погледнете го нивното прво музичко шоу…Честитки Момци !!!
Видеото може да го погледнете со кликнување овде: https://www.facebook.com/watch/live/?v=254170216002530&ref=external