strumica denes logo

НОВИ 16 ЗАРАЗЕНИ, УШТЕ ДВЕ ЛИЦА ПОЧИНАА ВО МАКЕДОНИЈА – МИНИСТЕРОТ ИЗЈАВИ ДЕКА ПРЕД НАС Е НАЈТЕШКИОТ ПЕРИОД, БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ И ПОЧИНАТИ ЌЕ РАСТЕ!

Автор:

Датум:

март 29, 2020

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

март 29, 2020

Категории:

Култура

Во изминатото деноноќие починаа две лица на Инфективната клиника, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

„За жал имаме починати две лица на Инфективно, едното на 90-годишна возраст и второто на 31-годишна возраст, чија клиничка состојба беше тешка, вчера поставен на респираторна машина, но во текот на претпладнето денеска почина. Сакам да изразам сочувство до семејствата“, рече Филипче.

Регистрирани се нови 16 случаи со коронавирус во нашата земја, со што вкупниот број се искачи на 257 пациенти.

-Сакам да упатам порака до граѓаните. Панедмијата во светот не стивнува, постојано расте. И во Македонија бројката постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линиреано, односно секој ден имаме приближно ист број на случаи, со кој здравствениот систем може да се справи. Влегуваме во вториот месец од бобрата, која целосно ни ги промени животите. Пред нас е најтешниот период, во кој бројот на заболени ќе расте. Ќе расте и бројот на починати, за тоа мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и починат млад човек, што значи дека вирусот е сериозна закана. Ние мораме сериозно да се однесуваме, затоа упатувам апел да се однесуваме претпазливо и одговорно, зашто успехот зависи од секој од нас, рече Филипче.