strumica denes logo

НАРОДОТ РЕАГИРА: СИТЕ ГИ ПОЧИТУВААТ ПРЕПОРАКИТЕ, САМО КАЗИНАТА И ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ РАБОТАТ 24/7!

Автор:

Датум:

март 13, 2020

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

март 13, 2020

Категории:

Струмица

Министерот за здравство на Република Македонија вчера соопшти за новите мерки кафулињата, рестораните, казината и обложувалниците да се затворат во 18:00 часот со цел да нема собирање на поголем број луѓе на исто место, каде шансите да се пренесе вирусот Ковид-19 е поголемо. Препораката е и да работат со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите.

Синоќа во Струмица во најголем дел одлуката беше испочитувана, но народот на социјалните мрежи реагира дека најмногу луѓе се собираат токму во казината, а тие работат 24/7 и не ги почитуваат препораките дадени од министерот Филипче. Дали можеби во наредните денови ќе се затворат, останува да видиме.