Ванчо Ристов-Патриков:
Денес ми се јавува еден пријател и ми вели : ,,Читаш ли социјални медиуми ? Еден самобендисан те прави партал !,,
Имам доволно години да сватам дека некој имал неподнослива афективна причина да распали од сите негови оружја по мене .Во конкретниот случај господинот е напагач по професија: од оние што се секогаш против. Знам дека луѓето што напаѓаат по професија или од хоби други луѓе се посебен тип луѓе. Знам дека во принцип на тој сој луѓе важи правилото – полесно е да нападнеш друг одошто да се занимаваш со сопствените слабости. А и не е првпат ова . Кога човек би им се допаѓал на сите , тогаш би имал сериозен проблем . Би влегол во кругот на посакувани проститутки . Физички или интелектуално сеедно . Но во овој случај станува збор за индивидуален анимозитет. Станува збор за социјално развиена патологија . Тоа се социопациенти што напаѓаат за да стекнат подобра позиција на ранг- листата на општеството. Аргументите им се смешни .
Во мојот јавен тридецениски живот сум бил напаѓан од многу луѓе , Анонимни, полуанонимни , под псевдоним , поретко со име и презиме, но сеедно . На сите ним им било заедничко едно нешто , немат аргументи . Некогаш можеби биле во право, но никогаш немале вистински и веродостојни аргументи.
Порано под притисок на интелектуални хормони , одговарав на секој напад. Сега веке влезен во добра зрелост , кога мислам да се посветам на себе и фамилијата , не одговарам на ниеден напад зошто нема аргументи. А аргументи во оваа култура немало веке дваесет години наназад. Се е трач муабет на некои ,,теткици,, кои биле ангажирани на различен начин во културата. Ништо повеќе. И овде може да се додаде само теоријата на нападот:,, Ако си никој и ништо , ако никој не те есапи , а ако си гладен за слава , нападни некој голем. Само така можеш да пораснеш. Колку поголем човек напаѓаш , толку повеќе слава добиваш.,,
Социјалните мрежи се преполни со луѓе што очајно се обидуваат да кажат нешто умно , ама тие мрежи се повеќе се претвараат во колективна психијатрија и патологија.
Запомнете : кога човек ќе покаже со прст кон друг човек , со другите девет прсти покажува на себе.