ФЕЈСБУК СТАТУС НА МИТКО БОЈАЏИСКИ:
Господине Vancho Ristov-Patrikov, вие сте директор на Anton Panov Strumica Teatar Anton Panov Strumica НУЦК ,,Антон Панов,, каде што припаѓа и театарот.
Оваа година по трети пат аплицирав во струмичкиот театар со добра драма и со еден од најдобрите режисери во една соседна земја. Очекував овој проект да биде прифатен како предизвик за театарот и за публиката, пред се!
По трети пат сум одбиен.
2013та мојата драма ,,Не чукај блиску до срцето,, се постави во струмичкиот театар и се одигра 32 пати. Имате ли таков пример овие три години откако сте вие директор и одлучувате за репертоарската политика? Како што веројатно знаете, такви примери, во струмичкиот театар во последните триесет години на прсти се бројат. Во меѓувреме, мојата Кец на десетка во МНТ важи за хит претстава со близу 50 изведби.
Ве молам да ми одговорите на едно едноставно прашање: Кои се вашите критериуми и стандарди за влез во струмичкиот театар? И дали, воопшто, ги имате?