Пристигнуваат уште фотографии во порака на Струмица Денес од улиците во Василево. Претходно споделивме за неасфалтираните улици кои покрај тоа што се неасфалтирани, секогаш после дождот стануваат хаос! Новите фотографии се од аслфалтирана улица која исто се полни со вода секогаш кога ќе заврне дожд. Граѓаните напишаа дека ветувањата кои им биле дадени пропаднале токму во таа вода што после секој дожд се собира по нивните улици. Тие апелираа уште еднаш градоначалникот да се фати за работа и да си ги исполни ветувањата.