Министерот за здравство Венко Филипче заедно со министерот за образование и Владата денеска донесе одлука за затворање на сите основни и средни училишта, детски градинки и факултети во Македонија.
-Да се прекине воспитно образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја во наредните 14 денови. Да се ослободат вработените од работни обврски од овие установи. За еден родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено во јавните и приватните институции, рече Филипче.