Рецептот е одлична замена за сите слатки мали задоволства од кои треба да се откажат практикувачите на постот.
Состојки:
- 100гр бело посно чоколадо
- 100гр печени мелени лешници
- 100гр кокос
- 200гр мелени бисквити
- 250мл вода
- пола кесичка пудинг од ванила
- 3 лажици шеќер
- 100гр печени цели лешници
- 100гр кокос
- 100гр бело чоколадо
- 3 лажици масло
Се вари пудинг од ванила со водата и шеќерот. Откако ќе се згустне се додава 100гр бело чоколадо. Во сад се ставаат мелените лешници, кокосот, мелените бисквити и на крај се додава пудингот од ванила со чоколадото. Се меси мазна смеса и се остава малку да се излади. Се формираат топчиња и насредина на секое топче се става по еден лешник. Се прпелкаат во кокос. Се ставаат во фрижидер на 20 тина минути. Се топи чоколадото со 3 лажици масло. Секое топче се чоколадира и на решетка се става да се изладат.