Корисниците на услугите на телекомуникациската компанија А1 попладнево не се во можност да ги користат услугите на мобилната телефонија поради технички приблеми.
– Во моментов се соочуваме со техничка потешкотија со воспоставување на повици во мобилата телефонија. Во голем дел потешкотијата е надмината, а техничките служби работат на целосно решавање во најбрз можен рок, соопштија од Компанијата.