И покрај информацијата за откажување на струмичкиот карневал, младите не се исплашија од корона вирусот и вчера го наполнија плоштадот во Струмица. Голем дел од локалите не ја откажаа својата програма за денските журки, а младите со нивното масовно присуство докажаа дека Струмица е желна за забава. Од друга страна пак, според нашите информации постарите струмичани се исплашени вирусот да не се прошири уште повеќе и ги „празнат“ маркетите во градот.