Деновите актуелна е темата со Корона вирусот и со првиот случај во Македонија. Како и секогаш, се појавија и чаршиските муабети дека нашата струмичанка Елена Пандева од „Елена Лука“ е таа која е заболена од Корона вирусот бидејќи наводно била надвор од државата, односно во Милано. Преку видео, Пандева пред малку се огласи дека тоа се невистини и дека таа заедно со нејзиниот тим веќе подолг период не се биле надвор од државата.
„Ве молам да се потрудиме да има помалку зло во нас. Може? Бог да ни е напомош, го молиме во овие времиња. Имајте поголема верба, повеќе љубов а помалку паника и страв. И овој тест ќе пројде…И оваа ситуација ќе ја замени друга и се така до крајот на животот.“ – напиша таа на нејзиниот фејсубк профил. Во продолжение погледнете го видеото:
https://www.facebook.com/elena.pandevakitrozoska/videos/10158231819295742/?t=98