СРЕДНОШКОЛСКИ СИНДИКАТ:
Поголемиот дел од нас младите сме незадоволни со состојбите кои се случуваат во Македонија , секој втор млад има план да ја напушти Македонија и да замине во Западна Европа , секој млад е разочаран што својата иднина не ја гледа во својата татковина , која е многу болна вистина со која треба да се соочиме . Затоа ние решивме да се бориме за нашата иднина и да не ја препуштиме во рацете на “искусните” возрасни кои ни ја одземаа со своите постапки , но тие не можат да се сметаат за главен виновник за ваквата состојба , тие биле милион пати прелажани и разочарни од страна на нашите коорумпирани и расипани “водачи” и елити . Образованието е една од алките на овој систем кој ни ја одзема нашата иднина во својата држава , доколку успееме да се избориме за промена на образовниот систем ќе образуваме генерации кои нема да потклекнат пред секој кој ќе им продава било каква мантра за успех и просперитет со задни намери за профитирање од маките на секој граѓанин кој им верувал , и ќе мислат со своја глава .
Во овој контекст еден цитат : Ако сакаш да уништиш еден народ, уништи им го образованието.
Затоа оваа борба е нужна , за да се освестиме од транзицискиот сон кој полека ќе не уништи , и својата иднина да не ја гледаме во Џерманија , Швицарска , Енглеска или која било Западна Држава .
Овој момент е историски момент кога ние младите започнуваме да креваме глас и строго стоиме на ставот дека ќе се избориме за иднина во Македонија !!!
#СредношколскаРеволуција ✊🇲🇰
#ОдлучивмеДаЖивеемеВоТатковината ✊🇲🇰
#МладитеБунтуваат ✊🇲🇰
#ДостаБеше ✊🇲🇰