Како што соопштија од гинеколошкото одделение за Струмица Денес, годинава повторно првото новороденче во нашиот град е женско. За разлика од минатата година која првото новороденче се роди во 1 часот по полноќ, оваа година тоа се случи само една минута по полноќ. Сандра Тошева е мајката која роди девојче со тежина од 2,900 грама. Искрени честитки!
„Новиот жител на нашата Општина во оваа нова 2020 година е девојче, родено во првата минута по полноќ. Го посетив новороденчето и неговата мајка Сандра Тошева од населеното место Муртино во болницата во Струмица. Им посакав се најубаво во Новата година, а на новороденчето му подарив и штедна книшка со 20 илјади денари.“ – напиша градоначалникот на општина Струмица-Коста Јаневски!