Прегрнат од доза елегантност и префинетост, стариот струмички театар секојдневно ги угостуваше љубителите на драмската уметност. Барокниот стил и пространите ложи со засебен влез и удобни седишта го правеа еден од најубавите и најпосетуваните во региониот.
Постарите знаат да се согласат дека тоа беше времето кога културата во Струмица цветеше, а за помладите остануваат фотографиите, како доказ за едни убави и поинакви години во градот.
После долги дискусии дали просторот е адекватен за реновирање, беше претворен во еден од најпознатите струмички барови – G O L D E N.
Нешто подоцна, градбата беше зафатена од масовен пожар.