Во екот на подготовките за претстојните празнични денови, неизбежно е да се забележат некои појави кои традиционално се повторуваат низ годините.
- Масовните собири со колегите од работа
Колешките со најголем број меѓусебни недоразбирања се една до друга на орото и гласно наздравуваат со чашките додека во позадина оди некоја екс-ју песна, се’ за правилно испразнување на празниците!
- Подарок од Дедо Мраз – минимум 3 килограми повеќе
Знаеме дека посетите кај роднините и родителите не минуваат со чашка вино и лесна закуска. Празникот не е празник ако на големата маса нема место за соленките, а ти не празнуваш вистински ако не го пополниш и најмалиот агол од желудникот.
- „Странците“ се враќаат и правопропорционално намалува бројот на слободни места низ рестораните
- Не сакаш да си го отвориш паричникот и да провериш што останало внатре.. може и да нема ништо.
- За организираното славење, порано девојчињата даваа помалку пари од машките, имајќи во предвид дека тие не учествуваат во купувањето алкохол.