Утре со почеток од 13:00 часот на струмичкиот плоштад ќе се одржи протест под мотото „Вратете ни го воздухот чист“. Ако судиме по евентот на фејсбук, за помалку од една недела има над 700 луѓе заинтересирани, што е реално голема бројка за толку кратко време.
„Алармантна е ситуацијата со загадувањето на воздухот: бројките на ПМ честичките секојдневно растат, а ние гледаме што дишеме! Се труеме ние, ги труеме децата свои. Да се собереме во сабота и заеднички да кренеме глас, да ги мотивираме градските власти да превземат мерки против одговорните загадувачи кои ги знаеме сите! Ниту едни пари на светот неможат да ни ги обноват белите дробови, ниту една сума не купува здравје!“ – пишува во евентот.