Струмичани отсекогаш биле дел од движечкиот бран на народ кој ја туркал татковината напред и храбро се прилагодувал на промените што ги носело новото време. Иновативци сплотени во идејата за подобро утре. Народ, кој, базирајќи се на својата сплотеност и единственост придонесувал за брзиот општествен развој на градот и неговата околина, но и на тогашната голема федерација Југославија.
Со оваа фотографија, ве навраќаме на споменот за Никола Достинов, првиот возач на поштенско возило во Струмица!