strumica denes logo

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОБЈАВИ: ДОГОВОРОТ ШТО „КОМУНАЛЕЦ“ ГО ИМАШЕ СКЛУЧЕНO, ДЕНЕСКА Е РАСКИНАТ!

Автор:

Датум:

декември 10, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

декември 10, 2019

Категории:

Струмица

Коста Јаневски:

Сакам да ја информирам јавноста дека договорот којшто ЈПКД „Комуналец“ го имаше склучено со одредена фирма за собирање смет, денеска е раскинат и тоа спогодбено со што ниту едната ниту другата страна нема да имаат правни последици од овој договор. И порано и сега сметам дека оваа реакција вроди со плод се со цел ваквите одлуки коишто ги интересираат нашите сограѓани и коишто се од голема важност за нив, треба да се одвиваат донесуваат потранспарентно со поширока дебата, со поиздржани решенија и сигурен сум дека такви решенија секако постојат. Јас и понатаму ќе се заложувам одлуките на општина Струмица да бидат максимално транспарентни и во корист на нашите сограѓани.