На петтото издание на Балканските награди за туристичка индустрија 2019 година кое секоја година традиционално се одржува на 5 декември во Бугарија, струмичкиот млад бизнисмен Наско Пишев и неговиот Хотел Парк Бачиново беа прогласени за најдобра бизнис дестинација за 2019 година.
„Горд сум што сме најдбра бизнис дестинација во Бугарија. Продолжуваме понатаму со многу новости и многу изненадувања. Ви благодарам на сите.“ – рече тој за Струмица Денес.
Инаку, церемонијата беше покриена од над 40 национални и балкански медиум! Честитки за Наско и од нашиот тим!