Со помош на Министерството за животна средина и просторно планирање се чистат дивите депонии во атарот на населеното место Муртино и коритото на реката Тркања. Од овие две локации ќе се подигнат околу 10 илјади метри кубни отпад кој ќе се транспортира на депонијата кај Добрашинци.
Во изминатиот период диви депонии чистеше и ЈПКД „Комуналец“ во атарите на населените места Муртино, Банско и Габрово. Општина Струмица апелира до граѓаните да покажат поголема грижа за животната средина и да не го фрлаат отпадот насекаде и да создаваат диви депонии, туку, да се јават во ЈПКД „Комуналец“ од каде што ќе дојдат на лице место и ќе го подигнат отпадот од нивните домаќинства.