До редакцијата на Струмица Денес жители на Куклиш испратија фотографии од нивната улица која после секој дожд е поплавена, а со тоа тие своите обврски не може да ги извршуваат навремено.
„Улицата е ваква веќе 7-8 години. Ветуваат дека ќе ја направат, но нема ништо од тоа. Не може да се оди на работа, децата не можат да одат до превозот што им е за на училиште“-напишаа тие.