Се одржа традиционалната „Тордијата“ која што се одржа во хотелот ,,Цар Самоил” во Банско.
„Една ваква манифестација заслужува и почит и внимание и сесрдна поддршка. Затоа поддршката и помошта од Општина Струмица и овој пат не изостана, а така ќе биде и во наредниот период.Сите досегашни изданија на Тортијадата, вклучувајќи ја и оваа 22-ра по ред, покрај сите нејзини белези, ни потврди дека на светот ништо не е невозможно, а волјата, желбата, самодовербата и љубовта ги отстрануваат сите пречки, за да се успее во добрата намера. Им честитам на организаторите од „Мобилност – Струмица“ за истрајноста и вложениот труд, а најголемиот дел од честитките оди на адресите на сите учесници, кои повторно ја покажаа на дело својата инвентивност, креативност и слаткарска мајсторија.“ – напиша градоначалникот на Струмица Д-р Коста Јаневски.