Во домот на популарната фолк пејачка Благица Калева, во Струмица, вчера имало голема причина за радост. Борче, момчето на нејзината ќерка Марија, на романтичен начин, со транспарент и со музика, ја запросил својата сакана, а на пат било и бебето.
За „Фокус” Благица раскажува низ солзи за убавиот настан, а гласот и трепери од емоции. Вели дека по сите горчливи солзи кои ги исплакала во животот, вчера за прв пат пролеала солзи радосници. – пишува „ФОКУС“
-Ете, и ние дочекавме во нашиот дом да се пее, да се плаче од среќа. Марија и Борче се заедно од деца, цели 13 години трае нивната љубов, и бебето ќе ни дојде наскоро. Иако се подразбираше дека тие, со оглед на нивната љубов и желбата да си имаат свое семејство, еден ден ќе запловат во брачните води, сепак, запросувањето на некој начин беше изненадување. Борче ми се јави и ми откри што подготвува, па заедно се договоривме да и кажеме на Марија дека ќе одиме на роденден, се дотеравме, како што доликува. Седевме дома, таа чека Борче да и се јави, наводно за роденденот, јас целата треперам, не смеам ништо да откријам, а ни самата не знаев што точно ќе и приреди. Тогаш тој и се јави и и рече да излезе на балконот. Живееме на четвртиот кат во зградата, а доле на приземје се наоѓа неговиот дуќан со оптика. Марија ништо не предосети, а кога се појави на балконот, Борче и неговите другари беа доле со голем транспарент. Во исто време, пред влезната врата се слушнаа звуците на гитарите, мојот бенд ја засвири песната ,,Дајте ми ја” – вели Благица за „ФОКУС“
Целосната вест може да ја погледнете со кликнување на следниот ЛИНК
ИЗВОР: ФОКУС