Во организација на средното стручно училиште НПГ „Димитар Талев“ од градот Гоце Делчев, Република Бугарија, викендот се одржа маратонот „Неврокоп трча“ на кој што учествуваа 150 натпреварувачи во четири категории, учествуваа и 14 ученици од основни и средни училишта од Струмица. Во категоријата основни училишта првото место го освои Симона Кирова, а второто Викторија Трајкова и двете ученички од ООУ „Никола Вапцаров“ и во категоријата средни училишта второто место го освои Елена Стојкова од СОУ „Никола Карев“ и третото место Никола Сирачев од СОУ „Димитар Влахов“. Средното општинско училиште „Никола Карев“ има воспоставено соработка со средното училиште НПГ „Димитар Талев“ и на 23 октомври ќе го посетат училиштето и ќе разменат искуства за образованието, а возвратната посета во Струмица е планирана за во ноември годинава.
УЧЕНИЦИ ОД СТРУМИЦА СО МЕДАЛИ СЕ ВРАТИЈА ОД МАРАТОНОТ ВО ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО БУГАРИЈА!

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ: