НАСТАН КАКОВ ШТО И ТРЕБА НА СТРУМИЦА: ИГОР ЏАМБАЗОВ НА 19 ОКТОМВРИ ВО ИРСКИ ПАБ „ГУЛИВЕР“ ВО СТРУМИЦА, КАРТИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

октомври 11, 2019

Ирски паб Гиливер со задоволство ве поканува да присуствувате на првиот концерт во сопствена организација. Гостуваат најголемиот македонски шоумен Игор Џамбазов и легендарниот гуру на гитара Игор Атанасоски-Харе, кои како дуо ни ветуваат вечер исполнета со извонредна музика и многу хумор.

Концертот ќе се одржи на 19-ти Октомври, со почеток од 21.30 часот, а влезниците во органичен број, ќе ви бидат достапни од четврток, 10-ти Октомври во Ирскиот паб. Цената на една влезница изнесува 400 денари со вклучено мезе од куќата.

Ова е навистина уникатна можност да бидете дел од перформансот на добро познатиот двоец и со своето присуство да помогнете да се издигне музичката култура во градот на едно повисоко ниво.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ