strumica denes logo

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СЕДУМ ЛИЦА КОИ БЕА ЗГРИЖЕНИ ВО ЗАВОДОТ ВО БАНСКО, ОД ДЕНЕСКА ЌЕ ЖИВЕАТ САМОСТОЈНО ВО СВОИ СТАНОВИ!

Автор:

Датум:

октомври 9, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 9, 2019

Категории:

Струмица

Седум лица кои досега беа згрижени во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско, од денеска ќе продолжат да живеат самостојно во 4 станбени единици во Струмица. Овие станбени единици ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика и се комплетно опремени со потребната опрема и мебел по избор на корисниците, обезбедена е услугата лична асистенција, а дополнително ќе биде ангажиран и негувателски кадар. Градоначалникот Коста Јаневски им посака здравје и среќа во новите домови, а ја потенцираше и поддршката на овој процес, кој дава една голема можност, овие луѓе да ја покажат својата индивидуалност, креативност, можност да делуваат на општеството, а секако и општеството кон нив.