Со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, потпишаа Договор за грант за изградба на нова градинка во општина Струмица. Како што веќе беше најавено, новата градинка со капацитет за 300 дечиња ќе се гради во просторот на поранешната касарна.
„Со изградбата на новата градинка и останатите активности кои што ги реализираме и планираме во оваа област, решаваме голем проблем со сместувачките капацитети на децата од предучилишна возраст. Нашите најмлади сограѓани се и остануваат наш приоритет.“ – напиша Коста Јаневски.