-Тоа се проектите кои што содржат набавување на училишен прибор за деца чии родители имаат пониски примања или се приматели на социјална помош и сите оние проширени категории кои што ги опфаќа Законот за социјална и детска заштита. Околу 820 дечиња ќе добијат бесплатен училишен прибор кој го финансира Општината, се надевам дека ќе биде значителна помош за децата и родителите. Втора година по ред општина Струмица финансира исто така еден убав проект, а тоа е набавка на училишни униформи за сите првоодделенци, околу 620 дечиња ќе добијат бесплатни униформи и еден нов проект кој го најавивме и минатата година, а ќе почне да се применува од оваа година, тоа е здрава ужинка за сите деца. Тоа подразбира здрав оброк, пред се овошје, кој што се надевам дека ќе ги поттикне и децата и родителите на здрави навики со секојдневното конзумирање на овошје, рече градоначалникот Јаневски.