Денеска, на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, пратениците Катерина Кузмановска и Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и членови на истиот, присуствуваа на светата литургија која што се одржа во црквата ,,Св.Леонтиј” во Водоча.
Заедно со граѓаните, празникот го одбележаа и во црквата ,,Св. 15 Тивериополски Свештеномаченици” во Струмица.
На сите православни христијани градоначалникот на Струмица им го честита денешниот празник и им посакува здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства.