По негово барање и желба, Лазо Котуровиќ познат во Струмица како Лазо Длгио, во шест часот наутро ги отклучи вратите на црквата „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“. Котуровиќ остави дар на црквата и се помоли пред Божјата Мајка за доброто на сите. Лазо Котуровиќ е познат по многуте донаторски акции секогаш кога го фаќа крстот на Водици. Честит празник на сите!