strumica denes logo

СТРУМИЧАНКАТА ЕМИЛИЈА ЦОНКИНОВСКА ЈА ИЗДАДЕ СВОЈАТА ПРВА КНИГА

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Неретко слушаме за млади ентузијасти од Струмица кои се стремат да го подобрат општествениот начин на живеење и да придонесат во растењето на јавната култура и свест. Една од нив е и струмичанката Емилија Цонкиновска, која неодамна ја издаде својата прва книга, насловена „Примена на менаџмент информациските системи во бизнисот со недвижности за развој на руралната средина“.

Емилија Цонкиновска од с.Добрејци, Струмица, основно училиште завршува во ОУ„Сандо Масев“ во Струмица. По завршувањето на средното образование, при Средното училиште „Јане Сандански“ во Струмица, во 2009 година, своето школување го продолжува на Економскиот Факултет во Штип, при Универзитетот „Гоце Делчев“ и ги продолжува постдипломските студии на Економски факултет на истиот Универзитет.

Ентузијазамот за успешно спроведување на претходно истражување, имаше за цел издавање на книга од спроведениот труд. Книгата под наслов „Примена на менаџмент информациските системи во бизнисот со недвижности за развој на руралната средина“ во електронска продажба на англиски јазик е достапна за секој и секаде.

Со цел подобро запознавање на читателите со делото, ја издвојуваме кратката содржина.

Имено, преку менаџмент информациските системи од примена на електронското вклучување во бизнисот на недвижнини за изнајмување и продажба на куќа, стан, вили и викенд куќи во Југоисточен микрорегион, опфаќајќи ги општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, се овозможува промоција на недвижностите на глобално ниво.

Преку инволвирање на сите недвижнини, природни, сакрални богатства, бизнис локалитети и сместувања, ќе се придонесе за активно учество и следење на веќе постоечките и нови недвижнини и објекти кои ќе бидат отворени.

Затоа, да се биде во тек со тековните иновациски промени, како што би рекол Ерик Хофер „…Иднината им припаѓа на оние кои за големите промени се подготвени да учат, а оние кои мислат дека немаат што повеќе да учат, ќе останат затечени во свет кој повеќе не постои…“