Постарите честопати знаат да зборуваат за времињата на поранешна Југославија како златни времиња, времиња на еднаквост и рамноправност, кога се наоѓало по нешто за секој. Според мислењата на многумина, социјалистичката федерација го вреднувала работникот, кој уживал во своите права и успевал да обезбеди егзистенција на семејството без стресни секојдневија.
А бидејќи една фотографија вреди илјадници зборови, тимот на Струмица Денес ве навраќа на убави настани преку 7 одбрани фотографии:
- Влезници за струмичките дискотеки и клубови
- Патни билети
- Влезници за спортски натпревари
- Собирањето сликички за албумите на „Животинско царство“
Собираш албум со 250 сликички, а за возврат добиваш богато уредено пакетче со чоколади, кексови и бонбони од „Краш“ Хрватска.
- Талони за храна и гориво
- Познатата училишна чанта
- Специјалното издание на цигари
Фотографиите се обезбедени од Стара Струмица.