Коста Јаневски, градоначалник на општина Струмица:
Градежната офанзива ја продолживме во населеното место Муртино. Се асфалтираа три делови од улици во вкупна должина од 220 метри и се тампонираше улица во должина од 120 метри. Продолжуваме и во наредниот период со реализација на активностите планирани во Програмите на општина Струмица за оваа година.