ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ОПШТИНА СТРУМИЦА ДО ГРАЃАНИТЕ!

август 5, 2019

Општина Струмица ги известува граѓаните дека од денеска (05.8.2019 година) започнаа подготвителните работи за асфалтирање и асфалтирање со втор слој на делници од булеварот „Ленинова“, улицата „Бетовенова“, кружниот тек на плоштадот „Народна Револуција“ (Бурчо) и крпење на ударни дупки на повеќе локации во градот. Градежните активности ќе се одвиваат во наредните две до три недели и во овој период општина Струмица апелира до граѓаните за разбирање поради изведување на работите ќе има посебен режим во сообраќајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ