strumica denes logo

РЕЦЕПТ: НАЈВКУСНАТА И НАЈБРЗА БИСКВИТ ТОРТА

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Овој рецепт е еден од најчесто практикуваните, а поради неговата едноставност е обожаван од почетниците готвачи.

Потребни состојки:

  • 1 литар млеко
  • 4 кесички прашок за пудинг од ванила
  • 12 лажици шеќер
  • 200 грама бела чоколада за готвење
  • 250 грама маргарин
  • 450 грама бисквити
  • 2 кесички шлаг пена
  • сечкани лешници

Подготовка:

Сварете го пудингот со млекото, а додека е топол пудингот додадете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. Изматете го маргаринот, така што да стане пенест, потоа додадете го во филот со пудингот и добро изматете со миксер.

Бисквитите натопете ги во млеко и редете ги на чинија за торти, врз ред со бисквити ставете од филот, потоа ставете повторно бисквити и повторно фил, се додека не ја потрошите целата количина на бисквити и фил.Тортата ставете ја во ладилник за добро да се излади, па потоа декорирајте со шлаг и сечкани лешници.