strumica denes logo

АНКЕТА: СЕ ПОЧИТУВА ЛИ ЗАКОНОТ ЗА КУЧИЊА НА ЈАВНИ МЕСТА ВО СТРУМИЦА?

Автор:

Датум:

јули 24, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 24, 2019

Категории:

Култура

Расте бројот на струмичани кои не се чувствуваат безбедно на јавни места во градот, поради константно растечкиот број на  кучиња во општината. Особено проблематични реони се двата градски паркови и плоштадот, каде бројот на кучиња е алармантно зголемен.

„Глутницата кучиња е буквално насекаде. Во летниот период, кога има голема раздвиженост глетката е навистина непријатна, а честопати и застрашувачка. Треба да се има во предвид фактот дека изложени на најголем ризик за напад се старите изнемоштени лица и малите дечиња.“ – стои во апелот.

Во време кога се очекува стационарот за кучиња во Сачево да започне со работа, најголемите опоменувања се упатени токму кон сопствениците на кучиња – голем дел од нив после определен временски период ги оставаат своите миленици на улица. Дури и со активирањето на стационарот, треба да се има во предвид дека кучињата таму  нема да бидат трајно сместени – ќе се заловуваат, вакцинираат  и повторно ќе се враќаат на улиците од каде  биле собрани. Според последните измени во законот, сопствениците на кучиња кои ќе ги напуштат своите миленици ќе се соочат со парична казна од 150 евра.

Друг проблем се сопствениците кои на овие јавни места не ги носат милениците врзани. Според последните измени во законот, кучињата на јавно место мораат да се водат со подводник, а ако се опасни, мораат да носат и корпа преку устата.  Има само три отстапки од ова правило:

  • кучето може да шета без подводник само во специјален парк за миленици
  • без ременче (подводник)  може да одат само ловечките кучиња за време на лов
  • без ременче можат да одат само овчарските кучиња додека го чуваат стадото

Исто така, малолетник не смее сам да шета опасно куче. За прекршувањата на овие правила следува парична глоба од 700 евра за правни субјекти и  100 евра за физички субјекти.

„Ако сопственикот не го прави ова и не му е јасно зошто е потребно кучето да му е врзано, ќе мора да помине соодветна обука во Агенцијата за храна и ветеринарство“, информираат од Агенцијата.

Со новите правила предвидено е и кастрирање на агресивните кучиња или дури и во одредени случаи и евтаназија.