Традиционалната музичка средба на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ ќе се одржи утре од 21:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“.
Овој настан од програмата на Струмица ОПЕН фестивал ќе биде отворен со перформанс „После дождот“ во изведба на групата „Надеж“ од Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ со Ева Стојковска-четврто одд. од ООУ „Маршал Тито“ с.Банско и Центар за балетска уметност „Reverence“ – Оле Илиева.
После нив настап ќе имаат пејачи со телесен инвалидитет кои се натпреваруваат за најдобри соло-изведби, а ги придружуваат и инструменталисти со телесен инвалидитет. Само небото e граница за амбициите и креативноста на членовите на „Мобилност“.