strumica denes logo

АМИН: Кога ти го љубиш Христа, ти ги љубиш сите!

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Кога ти го љубиш Христа, ти ги љубиш сите – Старец Порфириј Кавсокаливит

Тој секогаш говореше, дека ние највеќе треба да го љубиме Христа. „Кој го љуби Христа, тој го избегнува гревот“. Љубовта кон Бога, тој секогаш посебно ја издвојуваше.

Кога би можеле да видиме, колку не љуби нас Христос…

Господ никогаш и некаде не нè остава. Од моментот, кога Он дојде на земјата, раѓајќи се од Пресвета Дева Богородица, и стана Богочовек, Он е секогаш со нас. Ако ние би виделе, колку не љуби нас Христос и што Он прави за нас, тогаш од неискажлива радост би ни се поматил умот. Ние би останале во Неговите прегратки, и од ништо не би имале потреба.

Кога ти го љубиш Христос, ти ги љубиш сите.

Старецот Порфириј живееше во заедница со Бога во личноста на Спасителот Христос. Затоа тој беше целосно црковен човек. „Христос – е Црквата, и Црквата – е Христос, Кој не зема сите нас во Самиот Себеси“. Кога ти го љубиш Христа, тогаш ти ги љубиш и сите луѓе, без да поставуваш прашање, дали се тие достојни за љубов и дали тие ќе ја прифатат нејзе или ќе ја отфрлат. Ако ти сакаш да се сретнеш со Христос, ти Него ќе го најдеш во Црквата, бидејќи таму целото човештво е соединето со Бога во лицето на Христа. Невозможно е да имаме општење со Христос, ако се наоѓаме во лоши односи со луѓето. Со својот пример Старецот не учеше, дека нашата љубов кон Христа, доаѓа преку луѓето. Тој говореше: „Нашето спасение, Царството Божјо, рајот – е Самиот Христос, односно Црквата“.

Незлобивост

„Постојат, – говореше Старецот, – монаси, кои бараат прошка, се исповедаат, но во нив останува страста на омразата. Во нив благодатта Божја не се вселува. Кај мене тука работеше еден мајстор, сосед, и јас му платив за работата.

Не знам што се случи, но тој почна да ме навредува пред сите, и тука и надвор од манастирот. Тогаш јас почнав да размислувам: што да правам? Како да му помогнам?

Еден ден јас отидов кај него на гости. Кога ме виде, се вознемири и поцрвене. Тој помисли, дека отидов за да се карам со него. Но јас почнав да говорам и да го фалам за неговата градина, за неговата богата жетва. Говоревме уште и за гостопримството… Додека седевме и разговаравме, неговото срце се стопли. Оттогаш тој повеќе не го нашушти манастирот и со радост ги извршуваше сите работи.

Во вакви случаи, мора да се најде вистинскиот пристап“.

Не очекувај, дека тебе ќе те љубат

Стој подалеку од зависта. Таа го проголтува човекот. Со завидливиот човек, се случува сè и сешто. Да го љубиме Христа, дете мое, колку можеме посилно со Божествена љубов.

Среќен е тој монах, кој научил да ги љуби сите во тајност. Тој не бара љубов од другите, него не го интересира, дали го љубат него или не.

Ти љуби ги сите, и внимателно набљудувај: дали си ја изгубил ти таа љубов. Изливај ја својата љубов на сите, бидејќи ќе настапи време, кога нема да се принудуваш себеси кон љубов.Ти ќе почувствуваш, дека сите те љубат. Во една световна песна се вели:

„Не проси, јас да те љубам тебе.

За љубовта не просат.

Таа се раѓа сама

Секогаш во длабочината на срцето“.

Ова разбери го духовно. Изливај ја од своето срце љубовта Христова.

Тоа е природно.

Не се грижи, дали тебе те љубат или не, туку ти самиот биди исполнет со Христовата љубов кон сите. Тогаш таинствено се случува промена, тогаш сè се менува. Тоа е најдобрата мисионерска работа. Пробај, а потоа раскажи ми за своите резултати.

Снисходливост

Старецот нè советување, дека кога треба со некого сериозно да разговараме, ние треба да избереме меки зборови, за да не предизвикаме непријателство. Тој ни го приведе следниов пример: „Ако некому треба да му кажете дека тој е измамник, не говорете му дека тој говори лага, бидејќи природно тие зборови, во него ќе предизвикаат чувство на лутина, и ќе предизвикаат непријателство. Кажете му, дека тој не е целосно искрен“.

Снисходливоста – е голено оружје за сите нас на патот кон спасението. Милоста, кој ни ја испраќа Господ, ние треба да им ја раздаваме на други, кога е тоа потребно.

Милостина

Оче, дали е потребно, постојано да давам милостина, постојано да им укажувам материјална помош, на оние кои имаат потреба. Ви го поставувам ова прашање, бидејќи знаете дека мојата финансиска состојба сега не е добра.

Кога имаш можност, помагај и материјално, но највеќе помагај им на оние кои се околу тебе: разговарај со нив, ислушај ги кога тие сакаат да ги споделат со тебе своите потешкотии, да ти ја кажат својата болка, поседи со нив, за да не се чувствуваат осамени.

Само така се исполнува душата

Еднаш, кога бев тажен бидејќи не можев да добијам взаемна љубов од луѓето, Старецот ми рече: „Во нашево време луѓето сакаат, да ги љубат, и во тоа претрпуваат неуспех. Вистината се состои не во тоа дали тебе те љубат, туку во тоа, дали ти самиот го љубиш Христос и луѓето. Само така можеш да ја пополниш празнината во својата душа“.

Старец Порфириј Кавсокаливит