Манастирот Острог ⛪
➡ Со посета на Будва и Подгорица
🕛 Termini:
19.07 – 21.07.2019г
02.08 -04.08.2019г.
16.08 – 18.08.2019г.
30.08 – 01.09.2019г
💵
📍 📍 Издлабен во карпа, чиниш лебди, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда. Посветен на еден од најголемите светци во православната вера.
Програма:
1 ДЕН (ПЕТОК)
Заминување кон Црна Гора (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН (САБОТА)
Пристигнувањето во Црна Гора во утринските часови. Попатно застанување за панорамско фотографирање кај Св. Стефан, а потоа продолжуваме кон Будва. Во зависност од пристигнувањето ќе имаме пауза од околу 3 часа. Слободно време за индивидуална прошетка, ручек и шопинг. По паузата се упатуваме кон Манастирот. Пристигнување околу 14.00 часот. Факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Секој се сместува индивидуално (си земате ќебиња колку е потребно и место за ноќевање). Вечерната служба почнува во 17.00 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 ДЕН (НЕДЕЛА)
Во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06.00 до 07.30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08.00 часот. Средба на целата група во 09.00 часот и заминување кон Македонија. Попатна пауза од околу еден час во трговскиот центар Делта Сити во Подгорица со можност за ручек и шопинг. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
➡
Цена на аранжманот: 1.600 денари
МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА САМО СО ЛИЧНА КАРТА ! ! !
➡
Аранжманот вклучува:
Превоз со високотуристички автобус
Ноќевање во Горниот конак или манастирскиот двор
Придружник за време на патувањето
Туристичка такса во Острог 1 евро
Во цената не е вклучено:
Превоз (по избор) со локален минибус од Долниот до Горниот Манастир по цена од 1 еур за лице во правец.
Патничко осигурување – 100 денари
Дополнителни напомени:
Сместувањето во Манастирот е индивидуално
Понесете со Вас храна, бидејќи може да има стотици верници за кои е малку потешко снабдувањето со храна од локалната бурекџилница
Понесете си ќебенце и чадор во случај ако заврне дожд
Во манастирот се влегува пристојно облечен; мажите во долги панталони, блузи или кошули со ракави, а жените би требало да бидат облечени во здолниште со пристојни блузи со ракави и по можност да имаат марама на главата.
Ноќевање во конаците се доплаќа на лице место 5 евра
За реализација на овој аранжман потребно е минимум 45 патника
Подетални информации и резервации на:☎ Тел: 034/609-209 ; 070/643-492 или во Агенција ” ASTRAION TOURS ” на ул. Благој Јанков Мучето бр. 5, веднаш спроти книжара ”Култура”