Денеска градоначалникот на општина Струмица заедно со неговите соработници оствари средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние. Покрај разговорот за односот на двете државни кој беше оценет како пријателиски со заеднички желби за унапредување на напредокот кој што Република Македонија го покажа во последните три години, разговараа и за реализација на општински проекти преку француската Агенција за развој на областа на животната средина, урбанизмот и образованието!