Баба Ванѓа е била позната јасновитка родум од Македонија, која по нејзиниот брак, се преселува во соседна Бугарија и го добива презимето Гуштерова. Дури и по две децении од нејзината смрт, Ванѓа останува најскандалозната личност која некогаш живеела на балканските простори, а нејзините способности за предвидувања претставуваат вечна мистерија – се публикуваат насекаде, но одговор на нив нема.
Во текот на својот живот, благодарение на способностите за коишто тврди дека ги поседува, ќе стекне голем број верници и поддружувачи, но ќе наиде и на острите зборови и префрлувања на оние кои ќе ја нарекуваат „лажачка“ и „самопрогласена божица“.
Во продолжение, помалку познати факти за животот на познатата јасновитка:
- Целосното име на баба Ванѓа е Вангелија Пандева Димитрова.
- Ванѓа е родена на 31 јануари 1911 година во Струмица, а умира на 85 годишна возраст, на 11 август 1996, во Софија, Бугарија.
- Најголем дел од животот го поминува во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија.
- Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.
- Според изјавите на луѓето кои секојдневно се наоѓале во нејзина близина, Ванѓа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.
- Таа не се плашела од смртта и велела дека не постои смрт. „После смртта телото се распаѓа, како и сè што е живо, но делот од телото, душата или како да го наречам, не се распаѓа. Зборувате за повторно раѓање? Не знам што е тоа. Она што останува од човекот, тоа е душата, која продолжува да се развива во повисоки нивоа и тоа е нејзината вечност“, вели таа во разговор со еден посетител.
- Нејзините способности за предвидување се појавиле откако останала слепа како мало девојче и од тогаш многу луѓе ја бараат нејзината помош.Баба Ванѓа ги објаснила своите исклучителни способности, со присуство на невидливи суштества на кои не им го знаела потеклото. Тие ѝ ги давале информациите за луѓето, и нивниот живот ѝ бил како филм пред неа од нивното раѓање па сè до смртта.
- Според напишаното во книгата на нејзината внука, Ванѓа зборувала за иднината иако не сакала. Според нејзините кажувања, за 200 години човекот ќе оствари контакт со браќа по умот од други светови. Дури велела и дека многу вонземјани живеат на Земјата со години и дека се од планетата која на нивен јазик се нарекува WAMFIM и тоа е трета планета од Земјата.
- Голем број елитни личности, личности од политичкиот и музичкиот свет на поранешна Југославија во тоа време ја имаат посетено славната пророчица, иако го имаат чувано тоа во тајност. Неодамна, со признание за посета се изјасни Лепа Брена, која откри дека Ванѓа го предвидела нејзиниот брак со тенисерот Живојиновиќ.