Ако го набљудувате Село Куклиш од високо, неговите земјоделски површини можете да си ги замислите како едно големо куклишко море – со причина селото се смета за еден од најголемите раноградинарски центри во земјава. Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево,Струмица.
- Куклиш е најголемо село во Општина Струмица.
- Се смета дека куклишаните се еден од највредниот и најработлив народ во нашата држава. За жените од село Куклиш велат дека се дури и посилни и од мажите.
- Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 2.532 жители.
- Она што засекогаш ќе остане запомнето во историјата на селото е големо палење од турскиот аскер. Во 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.
- Во селото има манастир на “Св.15 Тивериополски Маченици”. Манастирот е именуван на Светците коишто се од Солун, и по време на својата мисија за ширење на христијанството биле заробени и убиени во Куклиш на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот “Св. 15 Тивериополски Маченици” којшто се наоѓа во Струмица. Таков манастир посветен на “Тивериополски Маченици” има уште и во Солун од каде што се тргнале.