strumica denes logo

5 факти кои не сте ги знаеле за селото Зубово

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура, Магазин

Зубово се наоѓа во плодното Струмичко Поле, на надморска височина од 207 метри, во непосредна близина на местото каде реката Водочница се влева во реката Струмица. Од најблискиот град Струмица е одалеченo 19 километри.Селото се граничи со Ново Село, Сушица, Секирник, Борисово, Мокриево.

  • Зубово своето име го добило според неговата местоположба, бидејќи површината што ја зафаќа има облик на заб („зуб“ или „з‘б“).
  • Селото трипати ја менувало својата местоположба: најпрвин се наоѓало во месноста Колибите, потоа во месноста Барите, и најпосле во месноста Двата Потока.
  • Зубово првпат се среќава во повелбите на повелбите на браќата Јован Драгаш и Константин Драгаш во струмичката област од 1378 година, а по време на Отоманскиот период целото село претставува чифлик на голем турски војсководец.

  • Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 648 жители, од кои сите се Македонци.
  • Во селото се наоѓа археолошкиот локалитет Могила од римското време.