Според најновото истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), граѓаните го оценуваат јавното здравство со оценка 2,4.
Истражувањето било спроведено во периодот од 10 – 13 јуни на 1.119 полнолетни испитаници на ниво на целата држава.
Граѓаните му даваат на јавното здравство оценка 2,4 и сметаат дека неговиот квалитет е на пониско ниво споредено со пред пет години, покажува истражувањето на јавното мислење за состојбите во здравствениот систем спроведено за емисијата „Детектор“ .
Резултатите од спроведеното истражување покажуваат дека 63,1 % од анкетираните граѓани се задоволни од квалитетот на лековите што се нудат во аптеките, но 47,4 % сметаат дека аптеките не се добро снабдени со лекови на рецепт во текот на целиот месец.
Дали Струмица може да се пофали како град во кој здравстото цути? Дали пациентите во струмичката болница се третирани адекватно и етички, како што налагаат декларациите за правата на пациентот? Дали се задоволни од пристапот на медицинскиот персонал и што би можело да се промени за оценката на јавното здравство да порасне?