По распишаниот тендер за набавка на услугата за резервација на авионски билети и организација на специјални летови за екстрадиција, Министерство за правда склучи договор со друштвото за туризам и угостителство „Атлантис“ ДООЕЛ од Струмица. Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 4.720.000 денари или околу76.000 евра. „Атлантис“ веќе го доби и тендерот на ЕСМ за набавка на авиобилети вреден 39.000 евра, тендерот на ЈП за државни патишта за набавка на авио-билети и хотелско сместување вреден 57.000 евра, како и тендерот на НБРМ за набавка на авиобилети вреден 15 милиони денари.
Извор: ЕМАГАЗИН