Градоначалникот Коста Јаневски во придружба на членови на Советот на општина Струмица присуствуваше на цивилно-воената интеракција во градскиот парк (пред Домот на АРМ). На овој несекојдневен настан кој привлече големо внимание кај струмичани, беа прикажани воена опрема, средства и теренски возила од АРМ и НАТО. Изложбата се одржа по повод организирањето на заедничката вежбовна активност „Одлучен удар”, на која учествуваат капацитети на вооружените сили на Република Македонија, САД, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.