strumica denes logo

ОКОЛУ 100 РЕКРЕАТИВЦИ ОД СТРУМИЦА И РАДОВИШ ВЕЖБАА ВО САЛАТА „ПАРТИЗАН“ СО ИНСТРУКТОРОТ ЕЛЕНА ИЛКОВ!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Речиси 100-тина рекреативци од Струмица и Радовиш, предводени од членовите на аеробик и пилатес клубот Go Fit во понеделникот вежбаа на отворено на #соф2019. Случајните посетители беа сведоци на еден уникатен тренинг по аеробик, а дел од нив спонтано се приклучија на групата вежбачи. Инструкторот Елена Илков ја водеше групата во еден заеднички весел и позитивен ритам. Вечерва се одржа и вториот тренинг. Поради лошите временски услови се вежбаше на затворено во салата „Партизан“. Последниот, трет бесплатен аеробик тренинг ќе биде в петок, 21 јуни од 19:00 часот на Езерцето во градскиот парк. Настанот е поддржан од Општина Струмица, Агенција за млади и спорт, Делегацијата на Европската унија, Фротирка, Bu Coffee.