strumica denes logo

СПОДЕЛУВАЈТЕ: СТРУМИЧАНИ, ВО САБОТА ЗАЕДНО ДА ТРЧАМЕ ЗА НАШИОТ ТОМЕ, ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И ДА МУ ПОМОГНЕМЕ!

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јуни 20, 2019

Категории:

Струмица

Во сабота сите да трчаме за нашиот Томе Јанев и да му помогнеме да ја победи болеста. Како што не информираа од Здружението „Вера“ пред КАФЕ 19 ќе бидат поставени кутии каде струмичани со симболични 100 денари ќе може да земат учество во трката. Почетокот на самата трка е од шеталиштето кон Градскиот струмички парк па се до Амфитеаторот каде ќе биде означен крајот. Струмичани, да донираме!

Томе Јанев е младо момче (29 години) од Струмица, кое неодамна се соочи со дијагноза, болест на моторниот неврон или ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis). Ова младо дете беше активен фудбалер од својата најрана возраст во македонските клубови Силекс, Брегалница, Кожуф, Хоризонт Турново и матичниот клуб Беласица. Љубителите на фудбалот во Кратово многу добро се сеќаваат на него, кога пред неколку години одигра одлични мечеви во дресот на Силекс и остави прекрасен впечаток и како играч и како човек.

2019 ја започнавме со лоша вест за здравствената состојба на Томе. На 29-годишниот струмичанец му беше дијагностицирана ALS (Amyotrophic Lateral Sclerosis), болест на моторниот неврон. Болеста е во почетна фаза, но доколку не му се помогне навреме, последиците од неа може да бидат катастрофални, преку целосна атрофија на мускулниот систем. Надеж за подобрување на неговата состојба има преку лекување и терапија со матични клетки на секои четири месеци во рок од три години.

Линк од настанот за Томе: https://www.facebook.com/events/624099194754968/
Online Donations:
https://www.gofundme.com/donacija-za-tome-janev

Media Press Kit: http://pc.cd/JgC